Спасовски: Заедно со Министерството за правда бараме начин како да ги ослободиме улиците во Скопје
Министерот Спасовски вели дека заедно со Министерството за правда бараат начин како да се реагира по протестот на приватните автобуски превозници кој го блокираше Скопје. Тој денеска во изјава за медиумите рече дека го разбира правото на секој да протестира но истовремено рече дека треба да се води и сметка за правото на граѓаните да се движат слободно. Апелираше на разговори меѓу засегнатите страни и изнаоѓање на решение кое ќе го деблокира Скопје.
Скопје од утрово е блокирано поради протести на приватните превозници. Тие бараат средба со градоначалничката Арсовска која пак не одговара ниту на нивниот ниту на повиците на медиумите. Нејзината канцеларија во градскиот парк во Скопје е под силно полициско обезбедување.
Инаку, до сега сме виделе голем број на протести со блокирање на скопските улици. Ги блокирале речи си сите политички партии, таксисти, граѓани и разни групи, а актуелната власт со месеци спиеше во шатори на булеварот Илинден пред Владата. До сега, надлежните не нашле решение за овој проблем со блокирање на сообраќајниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа