Спасовски: Палевски бил уапсен додека одеш пеш по автопатите во Баликесир

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва ја обелодени траекторијата по која се движел Љупчо Палевски - Палчо, по извршените убиства во Македонија.

Првенствено, адвокатот го однел во Белград и таму е оставен во хотел, од каде го презема друго лице и со „ренџ ровер“ преку граничниот премин Градина го носи во Бугарија, од каде е транспортиран во Турција, каде оди во градот Баликесир.

-Таму нашите служби стапуваат во контакт директно не само со полицијата туку и со еден нивен оперативен извор кој за многу кратко време ни потврди дека лицето се наоѓа во Баликесир и ни ги кажа неговите намери. Оттаму сакал да замине во Истанбул,  објасни Спасовски.

Тука симулирал дека ќе оди, но се вратил во градот и денеска попладнево од страна на колегите од турската полиција е уапсен додека се движел пешки по еден од автопатите во градот.

05.12.2023 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега