Со багер се излизгал од патот и повредил маж- скопјанец со тешки повреди префрлен во болница

Скопјанец управувајќи со багер се излизгал од патот при што повредил сограѓанин  бил пренесен во болница каде му биле констатирани тешки повреди.

Од полицијата информираат дека вчера  во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сопиште, скопско, додека П.А.(30) од с.Ракотинци, скопско, управувал работна машина-багер, со скопски регистарски ознаки, машината се излизгала од коловозот и го повредила Т.А. од с.Сопиште, скопско.

Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега