Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка

 

На 25.12.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека  била измамена од едно лице за сума од 45.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат, соопшти МВР.

Потоа таа ги оставила парите на местото каде што ѝ кажало лицето, односно во корпа во парк Жена Борец, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

26.12.2024 - 19:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега