Стевчо Јакимовски осуден на три и пол години затвор

 

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски е осуден на три и пол години затвор. Кривичниот суд соопшти дека освен Јакимовски, осуден е и Т.Ѓ., вработен во општина Карпош, кој заработи условна казна.

Градоначалникот е осуден за две дела. Првото дело е бесправно градење за изградба на деловен објект - административен објект на локалната самоуправа. Казната за ова дело е во времетраење од една година. Второто дело Злоупотреба на службената положба и овластување. И за ова дело Јакимовски заработи казна затвор од три години.

-Со оглед дека на обвинетиот С.Ј му се суди истовремено за две кривични дела, судот откако претходно ги утврди казните за секое дело одделно, па за двете дела му изрече единствена казна во траење од 3 години и 6 месеци. Во изречената казна затвор на обвинетиот му се засметува и времето поминато во куќен притвор, велат од Кривичниот суд. 

За службеникот во општина Карпош изречена е алтернативна мерка условна осуда.

-Судот го осуди и обвинетиот Т.Ѓ, претходно вработен во Општина Карпош, за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в. со член 45 од Кривичниот законик, и му изрече алтернативна мерка условна осуда, така што на овинетиот му утврди казна затвор во траење од 2 – две години и истовремено определи дека истата нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 – пет години од правосилноста на стори ново кривично дело, се вели во дописот од Кривичен. 

 

23.04.2025 - 14:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега