Неготинчанец излегол од кола, по што наишол стружанец и го прегазил

Вчера околу 20:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионален пат кај клучка за с.Подгорци, патничко возило „фолксваген поло“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од Д.К.(42) од с.Вевчани, струшко удрило во И.Ф.(48) од Неготино, кој претходно излегол од неговото возило. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ф., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга и јавен обвинител, по чија наредба околу 22:45 часот возачот Д.К. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик.
14.09.2025 - 12:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа