Учениците од Трубарево ќе следат онлајн настава една недела

 


Министерството за здравство формираше кризен штаб по пожарот, направени се протоколи, а претходно објавените препораки од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) остануваат да важат. 

Алиу најави дека Владата попладне на онлајн седница ќе донесе одлука учениците од училиштата во неспосредна близина на локацијата на пожарот да следат настава онлајн една недела. 

Директорката на ИЈЗ Марија Андоновска соопшти дека според монитпорингот што го прават тие, нема отстапки на параметрите за радијација во воздухот.Во текот на денов ќе се направат дополнителни анализи, ќе се проверат почвата и водата во погодените места, рече Андоновска.

Апелира да се следат дадените препораки коишто, како што рече, се во согласност со сите светски стандарди и колку и да изгледаат едноставни и обични доколку се почитуваат особено од граѓаните од ранливите групи, со коморбитдитети, хронични заболувања, бремените жени и децата, можат да придоенсат да нема здравствени проблеми. 

- ИЈЗ не прави физичко-хемиски анализи, туку ќе спроведе мониторинг на квалитетот на воздухот, почвата и водата, на радијацијата во воздухот. Според нашите анализи и сознанија во моментов нема отстапувања од минимумот на параметрите за радиоактивност во воздухот, рече Андоновска.

14.09.2025 - 14:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега