Јаневска: Четири училишта во општина Гази Баба ќе следат настава онлајн

Четири училишта ќе следат настава преку далечинско учење, извести министерката за образование Весна Јаневска.
„Денес на 14.09.2025 год., во правец на менаџирање на кризата настаната во Трубарево, се одржа итна седница на Владата на Македонија на која се донесе следниот заклучок:
Наставата во основните училишта ООУ Крум Тошев, ООУ Његош, ООУ Вера Јоциќ и ООУ Наум Наумовски Борче, во општина Гази Баба да се реализира преку далечинско учење со помош на средства за електронска комуникација, во период од 15.09.2025 год. до 19.09.2025 година“, истакна Јаневска.
14.09.2025 - 14:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа