Сиљановска Давкова: Институтот за тутун осигурува стабилна и успешна иднина на тутунската индустрија

 


Преку систематско креирање нови сорти тутун и усовршување на веќе признатите, Институтот за тутун ја осигурува не само стабилноста, туку и понатамошниот напредок на оваа индустрија, рече меѓу другото претседателката Гордана Силјановска Давкова обраќајќи се на денешната свеченост од 100 -годишнината на оваа единствена научна установа од ваков вид во земјава. Свеченоста се одржа во просториите на Институтот.

-Примената на современи агротехнички мерки служи како основа за зголемување на продуктивноста и квалитетот на тутунот. Истовремено, токму таа успешно одговара на прашањата за предизвиците во современото земјоделство. Со употребата на нови технологии и методи за работа, како и интегрирањето на најнови научни откритија, значително се подобрува производниот процес, правејќи ја оваа индустрија мошне поефикасна, поотпорна и одржлива. Институтот се посветува на постојано збогатување како на агротехничките, така и на научните стандарди, што води кон подобар квалитет на тутунот. Овие достигнувања се издвојуваат како плодносни, значително влијаејќи ѝ на македонската економија, рече Силјаноска Давкова.

 

05.12.2024 - 16:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега