Си-Ен-Ен за Меланија Трамп: Првата дама на САД ја напушта Белата куќа со најмала популарност во споредба со нејзините предходнички

 

Првата дама на САД Меланија Трамп ќе ја напушти Белата куќа со најмала популарност од почетокот на нејзиниот мандат, наведува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на своето истражување.

Од февруари 2016 година, кога нејзиниот рејтинг беше следен во јавноста, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, има најмала популарност, па 42 проценти од испитаниците изјавија дека имаат позитивен став за неа, 12 проценти не се сигурни, а дури 47 проценти имаат негативен став.

Таа имаше најголем рејтинг во мај 2018 година - 57 проценти, што се совпадна со првата официјална вечера и нејзиното присуство на погребот на поранешната прва дама Барбара Буш во Тексас.

Сепак, според Си-ен-ен, нејзината популарност паднала во декември, по посетата на Африка, кога 36% од нив имале негативен став кон неа.

Најновото истражување покажа дека нејзината популарност е далеку помала од популарноста на нејзините претходнички - во јануари 2017 година, Мишел Обама имаше 69 проценти позитивни гласови, како на почетокот на нејзиниот мандат, додека Лора Буш имаше 67 проценти поволен рејтинг, а Хилари Клинтон 56 проценти. 

Методологијата за пресметка малку се промени во споредба со претходните истражувања, според Си-Ен-Ен, бидејќи бројот на телефонски истражувања се зголеми и траеше подолго од шест дена.

Тоа беше спроведено во периодот помеѓу 9 и 14 јануари, а во него учествуваа 1.003 возрасни лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега