Шверцувал огревни дрва со форд транзит - полицијата му ги зеде сите
На 26.11.2024 во 18.20 часот на патот од с.Слупчане кон с.Руница, липковско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор при Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле преглед на товарно возило „форд транзит“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(49) од с.Руница.
При извршениот преглед било констатирано дека тој со возилото врши превоз на огревно дрво без жиг, боја и испратница. За случајот е известена Шумска полиција, која извршила увид, по што лицето и возилото им биле предадени за понатамошна постапка.
27.11.2024 - 17:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа