Се судриле автомобил и мопед во Скопје: Едениот возач избегал, а другиот завршил на клиника

Мотоцисклист се здобил со тешки повреди во сообртаќајна несреќа која се случила во главниот град.

- На 01.03.2021 во 12:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Св.Климент Охридски“, бул.„Мајка Тереза“, ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Јордан Мијалков“,во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу возило, кое веднаш по незгодата го напуштило местото и мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.Д.(47) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега