Се огласи Артан Груби по повод опожареното возило и им се извини на соседите: Заканите и нападите ги сметам за кукавички, немам намера да запрам

 

 

Вицепремиерот Артан Груби се огласи на Фејсбук во врска со опожареното возило што се поврзуваше со него, објаснувајќи преку извинување како стојат работите.

„Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија.

Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија.
Во политиката сум за да служам и да оставам трага со работа и дела, а не да ми се тероризира семејството, соседите и пријателите.
Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните.
Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите.
Изразувам благодарност до сите мои соседи како и до безбедносните сили и нивните напори да го решат синоќешниот напад.

Ви благодариме и на сите вас за големата поддршка!“- стои во објавата на Груби. 

22.07.2023 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега