Апсење во Зајас - полицијата пронајде цел арсенал (ФОТО)

 
На 25.10.2024 во 22.10 часот, во кичевското село Зајас, лишен од слобода е У.Р.(50)  од селото Грешница, кичевско. При претрес во неговиот дом во селото Грешница, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, една ловна пушка, 10 ловни патрони и 188 куршуми калибар 7,62 милиметри, кои неовластено ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 
26.10.2024 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега