ВИДЕО: Изгаснат е пожарот во хотелскиот комплекс „Манастир“

 

Изгаснат е пожарот во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово, објави „Курир“.

На видеото се гледаат десетина пожарникари во објектот.

На помош пристигнале пожарникари од Делчево, а помош била побарана и од Кочани. Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски во изјава за ТВ21 кажал дека сите гости се евакуирани и дека нема повредени. 

-Побаравме и поддршка од Кочани. Пожарот навистина беше голем и страшен но во моментов мислам дека е локализиран и нема опасност истиот да се прошири. Состојбата е стабилна, Изјавил тој за Пекевски.

27.10.2024 - 20:55
Фото: 
Принтскрин/Фејсбук

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега