СДСМ: Дали ќе одговара некој во МВР за бегството на Рамадани, бараме истрага одма


Смешно изгледаат обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се иземат од одговорност за бегството на Блерим Рамадани кој веќе одмара на Косово и се слика на Фејсбук, велат од СДСМ.
 
„Задолжен за негово обезбедување во куќен притвор е Тошковски и МВР и тие свесно го имаат пуштено. Каде е одговорноста за несоодветно чување на затвореникот? 
 
Дали е покрената постапка од внатрешна контрола и МВР за тоа како е избегал и кој од единиците кои требале да го обезбедуваат ќе одговара? 
 
Дали ова значи дека секој кој е во куќен притвор може слободно да избега и за тоа да биде крив судот кој определил таква мерка, или криви се оние кои требале да го обезбедуваат? Тошковски и Мицкоски не може да го скријат фактот е дека ова наликува на однапред договорена работа со косовските власти каде тие се извршители и олеснувачи на овој процес.
 
СДСМ бара итна истрага во МВР и извештај за тоа како успеал да побегне од куќен притвор Рамадани. Ако остане одговорноста само кај судот кој одлучил куќен притвор, тогаш ќе биде јасно дека апсењето на Рамадани е само една голема манипулација и лага за која однапред се знаело дека тој ќе биде пуштен. Мицкоски да се одважи да каже дали ова не е дел од договорот меѓу него и Курти. 
 
ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста а МВР да покрене постапки веднаш“, стои во соопштението на СДСМ.
16.08.2024 - 14:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега