Германка пронајдена почината во Скопје


Вчера во 12.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината З.Б.(73) од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

10.09.2024 - 16:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега