Милошоски предлага спојување на две државни комисии за поефикасно работење


За Државната комисија за одлучување во втор степен од инспекциски надзор и Државната комисија која одлучува во втор степен за управна постапка и работни односи предлагаме спојување, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешната собраниска седница.

Пратеникот Милошоски со објаснување зошто се предлага спојување на комисиите.

„Зошто се предлага укинување на една Второстепена комисија, затоа што идејата е овие две второстепени комисии да се спојат во една при што ќе имаме намален број на членови на комисијата ќе имаме зголемена ефикасност и ќе има оптимизација на институциите кои би биле во функција на потребите на граѓаните“, кажа Милошоски.
 
Милошоски информираше дека Државната комисија за одлучување во втор степен од инспекциски надзор во овој момент брои 7 членови.

„Тенденцијата на решавање на предмети е следна, односно ќе дадам една споредба. Во 2020 година оваа Комисија имала 2422 предмети за решавање, а во 2023 година бројот на предмети за решавање е паднат на 660 предмети“, вели Милошоски.

Оттука додаде Милошоски, треба да се поддржат измените со цел да се добие една комисија која ќе биде порационална и поефикасна, со помал број на челнови.

 

 
11.09.2024 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега