Италија се подготвува за Борис: Таму ќе пристигне за два дена

Циклонот Борис, бранот од екстремни временски услови, што предизвикаа поплави во централна и источна Европа и однесе најмалку 19 животи, се очекува да се врати во Италија в четврток откако минатиот четврток ги мина Апенините, соопштија денеска италијанските метеоролози.

Италија веќе е во состојба на готовност, особено во регионите Емилија Ромања и Марке, поради очекуваните поплави, кои претходно ги зафатија Романија, Полска, Чешка и Австрија, изјави метеорологот Лоренцо Тедичи, пренесе „Анса“.

Тој додаде дека невообичаено топлото Јадранско Море од четврток ќе ги потхрани бурите низ јадранско-апенинските планини и ќе продолжи до викендот.

„Очекуваме уште поекстремни временски услови“, изјави Тедичи, пренесува „Танјуг“.

 

17.09.2024 - 17:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега