УХМР најавува кратко стабилизирање на времето, потоа повторно пороен дожд


Времето утре претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град.

Во Скопје претежно облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, и засилен ветер.

Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса нови врнежи се очекуваат во петок.

11.09.2024 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега