Куп превозни средства под вода: Нуркачи од морето во Солун извадија тротинети и велосипеди

20 нуркачи волонтери, со помош на други членови на тимот и специјална механизација, го исчистија брегот на Солун на потегот од Белата кула до првото пристаниште. 

Како што может да се забележи на објавените фотографии, нуркачите извадиле од под вода еден куп транспортни средства како скутери, велосипеди, па дури и помали мотори.

„Им честитаме на волонтерите и секако ги поддржуваме ваквите акции кои придонесуваат за почиста морска средина“, стои во објавата на социјлните мрежи.

10.09.2024 - 22:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега