Русите: Украина погоди трговски центар во Доњецк

Единаесет лица се ранети во ракетни напади на украинските вооружени сили во областа Петровски во градот Доњецк, соопшти министерството за здравство на т.н. Народна Република Доњецк, објави руската државна новинска агенција РИА Новости.

Од пладне, украинските вооружени сили вршат целни, масовни напади врз областа Петровски во Доњецк. За време на гранатирањето, зградата на хипермаркетот Галактика се запали, а опожарената површина надминува десет илјади квадратни метри“, пишува РИА Новости.

Еден од волонтерите кој работел на местото на несреќата за руската телевизија „Русија 24“ изјавил дека трговксиот центар се запалил веднаш по нападот, а околу 20 луѓе биле спасени.

Дописникот на РИА Новости вели дека Галактика е единствената голема продавница во околината и дека преку ден е полна со клиенти.

Населбата Петровски се наоѓа во западната периферија на Доњецк, град во источна Украина контролиран од Русија. Тоа е најоддалечениот дел од градот од центарот.

16.08.2024 - 20:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега