Регулаторна реши: Овие цени на горивата ќе важат од полноќ

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РепубликаМакедонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 % во однос на одлуката од 26.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,041 ден/кг и сега ќе изнесува 51,784 ден/кг.

Од 29.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин      ЕУРОСУПЕР БС – 95  84,00   (денари/литар)

Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС – 98      86,00  (денари/литар)

Дизел гориво   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   85,50  (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС  51,784 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините  за 0,19 %, кај дизелот има намалување за 1,242%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,986% и кај мазутот намалување е за 2,305%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,088%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

28.04.2022 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега