Регулаторна пред одлука: Утре нови цени на горивата

Регулаторната Комисија за енергетика секој понеделник врши промена на цените на горивата. Утре напаладне ќе бидат соопштени цените кои ќе важат од полноќ. 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголему за еден денар за литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,5 денари за литар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95   изнесува 60 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 се продава за 61,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 51, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,384 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 27,58 денари.

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: кај бензинот за 8,563 отсто, дизелот за 9,152, екстра лесното масло за 10,956 и кај мазутот 9,339 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,831 отсто. 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2020 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега