Регистриран нов земјотрес во Скопје

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска од жителите во Скопје.

Земјотресот од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска, е регистриран 5 декември 2020 година, 4 минути по полноќ, чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML 1.9.

Птред три дена, земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтерова скала ги потресе скопјани. Земјотресот беше почувствуван во 14 часот и 9 минути на длабочина од 1 километар и со епицентар на осум километри од Скопје. Се тресеа прозорците од зградите, а голем број граѓани излегоа пред своите домови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2020 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега