Работниците од Колска се загрижени: Бараат од Владата да им се обезбеди работа преку Македонски Железници

 

Работниците во велешка Колска се загрижени за иднината на фабриката и бараат од Владата која е 100% сопственик на истата, да се обезбеди работа преку Македонски железници со репарирање на патнички и товарни вагони, обезбедување на плата и услови за работа, особено поради најавите и неофицијалните информации за можен стечај и продажба на Фабриката која е единствена од овој тип за одржување на патнички и товарни вагони во Македонија.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и Претседателот на СРСВМ, Миќо Стојановски ги посетија работниците во Фабриката за шински возила Колска во Велес.

„Сојузот на синдикатите на Македонија, во минатото кога вработените беа соочени со проблем и со не исплаќање на плата и необезбедување на работа од страна на предходната Влада, организираше неколку протести, како и блокади на железничкиот сообраќај, а и денес дава поддршка на Синдикалната организација и педесетината работници во Колска кои бараат и регулирање на нивниот статус преку превземање во Македонски железници и обезбедување на сигурна иднина на нивната работа и работен ангажман“, стои во објавата н Синдикатот.

18.10.2024 - 20:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега