Путин се појави првпат по примирјето со Пригожин

Путин ја повтори својата посветеност на војната во Украина, нарекувајќи ја „специјалната воена операција“ свој главен приоритет.

Според Ројтерс, тој рекол: „Вака го започнувам и завршувам мојот ден“.

Како што пренесува Скај, Путин рекол дека е уверен во спроведувањето на сите негови планови и задачи во врска со „специјалната воена операција“ во Украина.

Тешко вооружените руски платеници „Вагнер“ се повлекоа во текот на ноќта од јужниот руски град Ростов, откако го запреа нивното напредување кон Москва според договорот што стави крај на кризата што претставуваше невиден предизвик за авторитетот на претседателот Владимир Путин.

25.06.2023 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега