Тина доживеала клиничка смрт - Се разбудила по 27 минути и открила што видела

 

Во Февруари 2018 година, Тина Хајс од доживеала срцев удар додека била на планинарење во Аризона со својот сопруг Брајан.

Феноменот на луѓе кои доживеале клиничка смрт па се вратиле во живот интригира многумина, а една од тие личности кои поминале низ тоа е токму Тина Хајс. Американката отишла на планинарење со својот сопруг во Февруари 2018, а денот за рекреација и уживање се претворил во хорор кога доживеала срцев удар.

Брајан веднаш повикал Брза помош и почнал со реанимација на својата сопруга, додека не пристигнала медицинската екипа да ја преземе работата во своите раце. Пред да ја однесат во болница, Брајан и тимот на Брзата помош ја вратиле Тина дури четири пати во живот, пред да биде ставена на дефибрилатор. 

Откако Тина се разбудила во болница, веднаш побарала пенкало за да запише што и се случило, пренесува Британсиот портал Унилад.

Жената на лист напишала "вистина е". Според нејзините тврдења, доживеала неверојатен мир и спокој. Пред неа стоел Исус со раширени раце. Позади него имало неверојатна светлина. 

Откако цели 27 минути имала клиничка смрт и докторите се обидувале да ја вратат во живот, Тина Хајс напишала и книга за своето искуство.

30.01.2025 - 08:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега