(ВИДЕО) Филипче за можен хибриден напад: Загрижувачки пораки се испратија на прославата на празникот Св. Сава

 

Додик во Скопје испрати опасни пораки, Владата молчи, рече во изјава за ТВ 21 претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Навистина се испратија многу загрижувачки пораки таа вечер на прославата на празникот Св. Сава и тоа во присуство на премиерот, се поставува прашањето дали знае кој му е вицепремиер и во кој формат му организираат настани,  истакна Филипче.

 
-Премиерот видовме дека пушти некаква реакција, и се добива впечаток дека премиерот е цело време изненаден, од некои изјави на коалициските партнери. Пред некој ден од Таравари, понатаму и од изјавите на гости којшто доаѓаат од странство.  Ние мора да внимаваме кој доаѓа и какви гости каниме, поради тоа што ние сме земја членка на НАТО. Дополнително можеби тоа се изјави кои ги навредуваат чувствата на припадници на одреден народ кај нас, а ние сме мултикултурно, мултинационално, мултиетничко друштво и тоа е нашето најголемо богатство. Треба да се запрашаат можеби и безбедносните служби, знаеле ли кој ќе дојде и какви изјави ќе даваат? Дали можеби станува збор и за хибриден напад? Дали процениле, дали се тоа изјави којшто на една земја членка на и НАТО одат против државните интереси?, рече Филипче во изјава за ТВ 21.

29.01.2025 - 16:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега