Велешанец од полагање на возачки испит заврши во полициска станица - комисијата го пријавила
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 10:10 часот, го лишиле од слобода 21 годишниот А.К. од село Бузалково, велешко, постапувајќи по претходна пријава дека, поради незадоволство од резултат од полагање на возачки испит, се заканувал на Д.Р.(62) од Прилеп, претседател на испитна комисија и на М.К. од Кавадарци, испитувач во испитниот центар.
Како што попладнево информираат од СВР Велес, А.К. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
29.01.2025 - 16:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа