Пукање на свадба - кривично ќе одговараат 11 лица
СВР Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.И.(28), А.И.(27), Р.И.(23), Х.Б.(26), С.А.(74), Е.И.(30), А.Т.(42), А.Р.(19), С.Р.(44), А.Р., сите од Прилеп и А.А.(46) од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
На 19.08.2023 на семејна веселба во двор од семејна куќа во село Дебреште, сопственост на Е.И., пријавените пукале од огнено оружје.
28.11.2023 - 18:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа