ЈСП ќе проверува дали некој ги саботира автобусите - три се запалија за само шест месеци
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе испитува дали некој ги саботира нивните автобуси откако денеска изгоре еден од украинските автобуси во скопската населба Сопиште. Во изјава за Телма, директорот на Јавното претпријатие Драги Кушовски вели веќе имаат одредени сознанија
-Имаме одредени сознанија. Да видиме дали тие сознанија ќе ни се потврдат или не. Дали можеби некој намерно или ненамерно од разни нему познати причини може да придонесува за неколку пати да се случуваат вакви работи, смета Кушовски.
Ова трет случај во последните шест месеци. Во јули минатата година автобус на ЈСП се запали во Бутел. Тогаш причината беше електричната инсталација. Истиот месец, претходно, автобус од пожар настрада и на Железничката станица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа