Во вторник на Влада треба да помине Договорот за унгарските пари за компаниите - веќе од следниот месец ќе можат да аплицираат со проекти

 

Договорот за парите од унгарскиот кредит кои се наменети за стопанството во вторник ќе се најде на владина седница. Премиерот Мицкоски вели дека сите процедури треба да завршат до крајот на месецот, а веќе од следниот компаниите ќе можат да аплицираат со проекти за да добијат пари.

-Договорот се финализираше. Го имаме сега Договорот, тој треба да помине на седница на Влада сега во вторник и веќе понатаму се потпишува Договорот со банките, и банките ги имаат средствата на располагање. Ги повикувам сите економски оператори кои се заинтересирани да ги користат средствата од овој кредит да аплицираат и од комерцијалните банки да го добијат овој кредит. Знаете, условите се тие, 1,95% камата, три години грејс период, 12 години рок на отплата, до 10 милиони евра максимум, притоа минимум да има 20% сопствена компонента на учество во проектот, рече Мицкоски.

24.01.2025 - 13:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега