5 вработени во цел музеј: Љутков презема драстични промени

 

Локалната установа Народен Музеј Велес последниве години остана на само пет вработени. Таа е една од 142 културни институции во државата која се соочува со проблеми како што се само петмина вработени и недоволно финансиски средства за извршување на дејноста. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков при посетата на Велес деновиве на новинарско прашање одговори дека решението на проблемот со малиот број на вработени лица го гледа прво во подготвувањето на сеопфатна Анализа, којашто во оваа 2025 година ќе треба да ја подготват сите локални и национални институции.

-Документот треба да ги содржи приоритетниот број на вработени со коишто ќе може да се одржува нормалното функционирање, појасни министерот Љутков.

На новинарското прашање за зголемувањето на надлежностите на Народниот музеј како и дополнителни вработувања, Љутков појасни дека како обврска тоа ќе остане за наредната година. За наредната година ќе остане и прашањето дали велешкиот Народен музеј ќе добие Конзерваторски центар.

24.01.2025 - 18:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега