УЈП: Почнуваме со присилна наплата - има многу должници

 

Управата за јавни приходи (УЈП) најави присилна наплата од фирми кои не ги подмириле обверските кон државата за јули.

– Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец- информираат од УЈП.

Според УЈП, дел од неплатените аконтации може да бидат подмирени преку пребивање со даночни побарувања, но тоа не ги исклучува законските обврски и потребата тие да се сервисираат во рок.

 

Оттаму информираат и дека во текот на вчерашниот ден се доставени персонализирани известувања до сите обврзници со неплатени обврски со апел веднаш да го извршат плаќањето по што ќе селди присилна наплата.

20.08.2025 - 11:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега