Приведените млади лица во СЦ „Борис Трајковски“ биле дојдени на концерт со полни џебови дрога

Седумнаесеттемина млади луѓе кои синоќа и рано изутринава биле уапсени во и пред Спортскиот Центар Борис Трајковски биле дојдени на поголем музички настан. Полицијата во доцните вечерни часови спровела рација и успеала да лоцира дуру 17 лица кои на концертот дошле со полни џебови дрога.

Според информациите од фејсбук страната на спортскиот центар Борис Трајковски, таму вчера се одвивал еден од поатрактивните музички фестивали во земјава, 23-тиот Таксират со звучни музички имиња.

Доцна синоќа и рано изутринава во Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15 лица, и тоа Ѓ.Б.(24) од Србија, Л.К.(18) од Скопје, В.А.(38) од Гевгелија, М.Ѓ.(20) од Битола, Б.Н.(22) од Свети Николе, В.Х.(23) од Скопје, Д.Т.(23) од Косово, А.С.(25) од Скопје,  Љ.В.(30) од Косово, Ѓ.Д.(18) од Велес, К.М.(23) од Штип, М.Н.(18) од Штип, С.Т.(25) од Скопје, Б.С.(20) од Скопје и Љ.Ј.(20) од Скопје.
 
При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови таблети и пакувања со тврда материја.
 
Претходно, пак, на паркинг простор на Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.К.(20) од Косово и Н.В.(25) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. Сите 17 лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
08.12.2021 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега