Приведен криминалец баран со пет потерници

 

Единица на интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 14.40 часот го лишила од слобода Д.Т. (35) од Скопје.

При извршена контрола од полициски службеници било утврдено дека тој се бара по пет распишани потерници за издржување на казна затвор, а при преглед на патничкото возило кое го управувал биле пронајдени две пакувања кокаин, информираат од МВР.

При проверката лицето приложило лажна лична карта, наводно издадена од Р.Словенија, со негова фотографија, но на туѓо име со словенечка адреса на живеење, по што Д.Т. бил приведен во Полициска станица Центар и од страна на инспектори од Единицата за економски и компјутерски криминал било утврдено дека лажната лична карта ја набавил од лице од Косово во 2018, преку посредник од Шпанија, додека престојувал таму и ја користел за движење низ европските земји, а во Северна Македонија остварил илегален влез во 2020 година, соопштија од полицијата.

На лицето му е одредена мерка притвор.

04.08.2022 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега