Приватните превозници пред Град Скопје бараат средба со Арсовска
По вчерашната одлука за штрајк на приватните превозници во градскиот превоз во Скопје, денеска нивни претставници се упатуваат пред Град Скопје со барање за прием од градоначалничката Данела Арсовска. Доколку не биде постигнат договор, најавуваат приватните превозници, во наредните денови ќе има блокади на неколку сообраќајници во Скопје.
-Почитувани ве известуваме дека приватните превозници од вчера во попладневните часови одлучија да стапат во штрајк. Со оглед дека на вчерашното барање на директорот на Слобода Превоз за средба со градоначалничката Данела Арсовска до сега не е одговорено, што им беше предмалку кажано, голем број од приватните превозници од пред просториите на Слобода Превоз се упатија (и веќе се) пред Градското Собрание каде ќе побараат прием кај градоначалничката, информираат од „Слобода Превоз“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа