При големо загадување на воздухот се урива стар објект во Капиштец, револтираните жителите велат дека од прашина не се дише

 

Денеска, жителите од Капиштец, особено оние што живеат во близина на ТЦ „Зебра“ освен од веќе вообичаено загадениот воздух, се гушат и од прашина предизвикана од уривање на стар објект, пренесува Слободен печат.

Граѓаните на улицата Васил Ѓорѓов, велат дека во изминатиот период тука веќе била урната една барака, а сега се доурива објектот до неа.

„Дел од просторот веќе е ограден со лимени тараби, што значи дека се подготвува за градење, па сега може да очекуваме дека на местото на бараката ќе никне нова зграда, колкава – ќе видиме. Но, она што навистина нѐ загрижува е што објектот се руши кога е најголемо загадувањето, за целосно да се „испотруеме“. Настрана, се работи за стар објект, можеби и азбест има во него, а прашината се крева на сите страни. Не разбирам како не се запреа барем ваквите работи привремено додека трае загадувањето. Не може секој инвеститор и изведувач да си прави што ќе му текне, срамно е ова“, објаснил еден од граѓаните за СП.

И навистина, останува нејасно зошто никој не се сети да ги запре градежните работи додека не се намали загадувањето на воздухот. Тоа се случи на пример во јануари 2019 година, кога Град Скопје ги прекина сите градежни активности на градилиштата и ги повика и општините тоа да го сторат.

09.01.2023 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега