„Прелетале“ со „хонда“ кај Мавровка - Србин итно пренесен на Клинички

 

31-годишен државјанин на Србија е тешко повреден откако вчера заедно со уште едно лице излетале кај ТЦ Мавровка.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 02:40 часот.

-Денеска (21.12.2024) околу 02.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(41) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.М.(31) од Р.Србија, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

21.12.2024 - 13:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега