Почина писателот Милан Кундера
На 94-годишна возраст почина познатиот чешки писател Милан Кундера, јавуваат светските медиуми.
Роден е во 1929 година во Брно, а ја напуштил Чехословачка и живее во Франција од 1975 година, каде што објави некои од неговите најпознати дела, меѓу кои „Книгата на смеата и заборавот“, „Уметноста на романот“ и „Бесмртност“.
Милан Кундера повремено ја посетуваше Чешка, но секогаш инкогнито и никогаш не разговараше со новинарите.
12.07.2023 - 11:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа