Пендаровски изрази сочувство до Ердоган и турскиот народ по земјотресот во Турција
Претседателот Стево Пендаровски изразува сочувство до турскиот претседател и турскиот народ по силниот земјотрес во Турција.
„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Recep Tayyip Erdoğan и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Туркије“, напиша Пендаровски на својот фејсбук профил.
„На повредените им посакувам брзо закрепнување“, додава Пендаровски во напишпаното.
06.02.2023 - 09:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа