Осум знаци дека пиете премногу кафе

Не можете без вашето утринско кафе? Ви треба за да ве разбуди? Тоа е само едно кафе? Но, дали по него пиете уште неколку и тие ви се премногу?

Многу научни студии го испитувале односот меѓу пиењето кафе и низа медицински состојби. Наодите се контрадикторни за тоа дали кафето има некакви специфични здравствени придобивки, а резултатите се спротивставени и во однос на можните штетни последици.

Разликите во наодите делумно зависат и од начинот на подготовка. Кафето подготвено со користење на хартиени филтри ги отстранува мрсните компоненти наречени дитерпенес кои се присутни во нефилтрираното кафе. Два типа на дитерпренес се присутни во кафето: кахвеол и кафестол, кои се поврзани со зголемен ризик од коронарна срцева болест преку покачување на липопротеините со ниска густина (ЛДЛ) во крвта. Од друга страна металните филтри не ја отстрануваат мрсната компонента на кафето.

Освен разликите во начините на подготовка, конфликтни податоци се добиваат и во однос на тоа колку кафе пиете дневно. Се покажало дека пиењето кафе има минимално или нема никакво влијание, позитивно или негативно врз развојот на ракот. Некои студии сугерираат дека пиењето кафе го намалува ризикот од Алцхајмеровата болест, Паркинсонова болест, срцеви заболувања, дијабетес мелитус тип 2, цироза на црниот дроб, и болест на зглобовите.

Една друга анализа покажува дека пиењето кафе (2–4 филџани на ден) се поврзува со намалување на смртноста и ризикот од болести кои доведуваат до истата. Присуството на антиоксиданти во кафето води кон спречување од оштетување на клетките од слободните радикали. Една неодамнешна студија покажала дека печеното кафе, богато со липофилни антиоксиданти и хлорогенска киселина лактон ги заштитува основните клеточни култури на невронот против водород пероксид кој предизвикува смрт на клетката. Во здрав црн дроб кофеинот претежно се разградува од хепатитичниот микрозоматски ензимски систем. Затоа метаболизмот зависи од кофеинот и од состојбата на овој ензимски систем на црниот дроб. Постари лица со полош ензимски систем не поднесуваат кафе со кофеин. На нив им се препорачува да земаат кафе без кофеин и тоа само ако им е здрав желудникот, бидејќи кафето без кофеин и кафето со кофеин предизвикуваат тегоби на желудникот.

Сепак, може да се претера со пиење кафе и вашето тело само ќе ви каже дека тоа се случува. Од дијареа до несоница, ова се осумте најчести знаци дека треба да намалите со пиењето кафе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега