Османи испрати честитка до Захариева по повод денот кога Македонија стана дел од Санстефанска Бугарија

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи испрати честитка до својата бугарска колешка Екатерина Захариева по повод државниот празник на Бугарија.

“Срдечна честитка до мојата колешка Екатерина Захариева по повод Националниот празник на Бугарија. Ние ја сметаме нашата релација како многу важна и посветени сме да продолжиме да работиме заедно на понатамошно зајакнување на добрососедските односи”, напиша Османи по повод државниот празник на Бугарија.

Денешниот празник кој го одбележува Бугарија го слави основањето на привремената Бугарска држава согласно Руско-Турскиот договор потпишан во 1878 година во селото Јешилќој близу Истанбул познато како Сан Стефано.

Според договорот кој пропаднал за неколку месеци речиси целата денешна територија на Македонија била дел од бугарската држава.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега