ОЈО: Прибрани траги и обезбедени снимки од местото на опожарениот автомобил на директорот на Идризово
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и вешти лица од Одделот за форензички истраги на МВР извршија увид во Кисела Вода каде во текот на ноќта беше опожарен службен автомобил во сопственост на КПУ „Идризово“ – Скопје кој го користел директорот на установата.
Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел да се утврдат причините за опожарувањето. Обезбедени се снимки од видео надзор на околните објекти и се преземаат други дејствија.
15.05.2024 - 14:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа