Грчева со 170.000 евра во кеш - „дебел“ имотен лист на новата пратеничка на СДСМ

 

Новите пратенички, Солза Грчева и Роза Топузова Каревска веќе го пријавија својот имот. Грчева има 110.000 евра на девизни книшки, на име на сопругот уште 60.000. Има 625.000 денари како побарување за извршена работа, јавува Република.

Според објавените инормации, Грчева на свое име има стан во Скопје од 121 метар квадратен, на име на сопругот уште еден стан во Скопје од 72 метри квадратни. Во Никифорово има куќа за одмор.

Семејството има и две возила – ситроен „саксо“ и рено „меган“.

Нејзината колешка Топузова Каревска има стан во Скопје, а нејзиниот сопруг има стан во Прилеп, потоа опел „астра“ и околу еден милион и петстотини илјади денари.

Грчева и Топузова Каревска влегоа во Собранието на листите на опозициската коалиција. Не го испочитуваа ставот за враќање на мандатите.

23.06.2014 - 21:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега