Димитриеска-Кочоска и Николоски во Будимпешта: Разговори за поддршка на економскиот раст со Унгарија

 


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, заедно со министерот за транспорт и врски Александар Николоски, денеска во рамки на Унгарско-македонскиот самит оствари средба 
со министерот за национална економија, Мартон Наѓ и министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар.На средбата е потврдено дека помеѓу двете земји има одлични економски и политички односи и дека и двете страни изразуваат волја соработката да се унапредува и продлабочува.

На средбата од македонска страна беше истакнато дека особен фокус Владата става на реализација на јавни инвестиции особено во инфраструктурата. Со Буџетот за оваа година тие инвестициски планови се поддржани со висок износ. Дополнително беше потенцирано дека поддршката од Унгарија што беше реализирана преку одобрувањето на заемот претставува директна поддршка на домашната економија и постигнување позасилен економски раст.

Министрите изразија благодарност за несебичноста на унгарската Влада во подршката што ја овозможуваат за економско зајакнување на РС Македонија и за процесот на евроинтегративните процеси на земјата.

Средбата се реализираше во рамки на дводневниот Македонско-унгарски самит што се одржува во Будимпешта.

04.03.2025 - 15:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега