Зеленски направи пресврт: Спремен сум за мир под водство на Трамп - ќе ги исправиме работите

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку објава на социјалните мрежи ги предложи првите етапи од завршувањето на војната во Украина и кажа дека е подготвен да го потпише договорот за минерали со САД и да работи под силно водство на Доналд Трамп.

Во објавата на платформата Икс, Зеленски рече дека иако средбата со Трамп во Белата куќа не поминала како што требало, но ја повтори посветеноста на Украина за мир.

Тој му се заблагодари на Трамп што на неговата војска и дал оружје Џавелин – преносни противтенковски ракети.

– Никој од нас не сака бесконечна војна. Украина е спремна да седне на преговарачка маса што е можно побрзо. Никој не сака мир повеќе од Украинците. Јас и мојот тим сме спремни да работиме под силно водство на Доналд Трамп. Жалам поради нашата лута размена на зборови во Овалната соба. Време е да ги исправиме работите – кажа Зеленски.

Тој се огласи откако Белата куќа денеска најави дека привремено ја запира целата американска воена помош за Украина, иако во изјавата не го спомна директно запирањето на американската воена помош

04.03.2025 - 20:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега