(ВО ЖИВО) Три пратенички се повредени – Брнабиќ: Лекарите се борат за животот на пратеничка и нејзиното неродено дете!
Во Собранието на Србија почна првата седница на редовната пролетна сесија. По усвојувањето на дневниот ред, пратениците од опозицијата започнаа тепачка и запалија факели. Собирната сала е исполнета со чад. Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ изјави дека пратеничката Јасмина Обрадовиќ, на која ѝ била фрлена шок бомба, доживеала мозочен удар и се бори за живот. Повредена е и пратеничката Јасмина Каранац, која била испрскана со солзавец и удрена со шише во главата, неофицијално дознава РТС.
Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ изјави дека меѓу повредените е и Соња Илиќ која е во осмиот месец од бременоста. Како што истакна, лекарите се борат за неа и за бебето.
Пратеникот на ПУПС Стефан Кркобабиќ изјави дека пратеничката на Социјалдемократската партија Јасмина Каранац била застрелана во главата на денешната седница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа