Мицкоски: Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство

 


Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на комплетната реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство во Скопје.

Со инвестиција од 29 милиони денари, се создаваат современи услови за поквалитетна, побрза и поефикасна здравствена заштита за сите пациентки. Премиерот Мицкоски истакна дека Владата продолжува активно да вложува во јавното здравство, докажувајќи дека грижата за здравјето на граѓаните е вистински приоритет.

„Искрено се заблагодаруваме на сите здравствени работници, институции и стручни служби кои секојдневно го одржуваат и унапредуваат јавното здравство. Вашата посветеност, професионалност и хуманост се темелот во здравствениот систем“, порача премиерот.

21.05.2025 - 13:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега